Во првата недела од проектот на учениците им презентирав видеа за подобро да се запознаат со климатските промени, а потоа дискутиравме за тоа Што се климатски промени? Потоа секој од учениците нацрта цртеж за тоа како ги разбира климатските промени . Учениците исто така создадоа свои еко аватари во алатката Битмоџи со кои се претставија.
Оваа недела присуствувавме на средба со ученици од Мумбаи, Индија. На состанокот, учениците прво го презентираа она што го научиле досега во рамките на проектот, а потоа имаше заедничка активност во Падлет каде што сите запишаа три решенија за ефектите од климатските промени.
Гледавме видеа и проектни страници од другите училишта. Присуствувавме на вебинарот за Лего Климатските промени, и ја конструиравме нашата Лего населба , во која има детско игралиште , парк со цвеќиња, дрвја, пеперутки, куќи кои користат сончева енергија за затоплување на просториите како едно од можните решенија за климатските промени и ветерница за производство на струја.