nastavnik

Biljana Kalanoska

Macedonia
Teacher in primary school

 

Follow me on Twitter: Twitter


moite ucenici
School: OOU Koco Racin 7 students are involved The average age of the students: 10 Año

Projects 2021

Што се Климатски промени

Во првата недела од проектот на  учениците им презентирав видеа за подобро да се запознаат со климатските промени, а потоа дискутиравме за тоа  Што се климатски промени? Потоа секој од учениците нацрта цртеж за тоа како ги разбира климатските  промени . Учениците исто така создадоа свои еко аватари во алатката Битмоџи со кои се претставија.

Последиците од климатските промени

Во текот на втората недела од проектот, учениците  истражуваа и гледаа видеа на интернет  за ефектите од климатските промени, а потоа нацртаа цртежи за  ефектите од климатските промени.

Причини и последици на глобално ниво

Оваа недела присуствувавме на средба со  ученици  од Мумбаи, Индија. На состанокот, учениците прво го презентираа она што го научиле досега во рамките на проектот, а потоа имаше заедничка активност во Падлет каде што сите запишаа три решенија за ефектите од климатските промени.

Решенија за климатски промени

Недела 5 - ООУ- Кочо Рацин-Охрид

Гледавме видеа и проектни страници од другите училишта. Присуствувавме на вебинарот за Лего Климатските промени, и ја конструиравме нашата Лего населба , во која има детско игралиште , парк со цвеќиња, дрвја, пеперутки, куќи кои користат сончева енергија за затоплување на просториите како едно од можните решенија за климатските промени и ветерница за производство на струја.

Недела 6

Го следевме настанот Climate action day,  се радувавме на радосната вест за прогласувањето на нашето училиште за School of excellence 2021/22. Дојдовме до заклучок дека ние сме одговорни за се што предизвикува нерамнотежа на планетата Земја и затоа треба веднаш да дејствуваме. 


Impressions

Images by Biljana Kalanoska 2021-11-06Kalanoska
Images by Biljana Kalanoska 2021-10-12Kalanoska
Images by Biljana Kalanoska 2021-10-18Kalanoska
Images by Biljana Kalanoska 2021-10-26Kalanoska
Images by Biljana Kalanoska 2021-11-02Kalanoska
Images by Biljana Kalanoska 2021-11-06Kalanoska